Иако сме различни, сепак сме еднакви – сите сме деца – Матичен објект

Кај нас лицата со оштетен слух и говор, без оглед на возраста, полот и етничката припадност, во секојдневната комуникација го користат македонскиот знаковен јазик, како свој природен мајчин јазик.

Во месецот на детето, оваа недела ја посветивме на различностите. Tоа беше повод да ја повикаме во Матичен објект во групите од 5–6г. г-ѓа Викторија Болак – толкувач на знаковен јазик, која на својствен начин успеа кај дечињата и сите нас, да го поттикне интересот за изучување на овој начин на комуницирање.

А дали беше тешко? Не, само малку љубов во срцата беше доволно, да зачекориме во светот на тишината на дечињата кои се исти, но сепак поразлични од нас.

Tags