Знаете ли кое е најубавото и најслаткото есенско овошје? Се разбира-ЈАБОЛКОТО.. Црвено, жолто, зелено.. Без разлика на бојата – вкусот е прекрасен.. Е, токму денеска децата од в.о група “СОНЦИЊА” ,4-5 г, објект Панорама, го одбележаа Светскиот ден на јаболкото.. Креативни ликовни игри, разновидни техники и материјали и разбудена детска фантазија.. И на крајот секако, се заблаживме со вкусна пита од јаболка, подготвена во нашата кујна“По рецептот на баба”, како што беше и мотото на денот..