“Ментална хигиена за деца од предучилишна возраст” – едукативно предавање за вработените во организација на ЕУ ИНСТИТУТ и ОПШТИНА ЦЕНТАР

На ден 19.10, во холот на нашата установа се одржа настан за свечено доделување на сертификати од страна на ЕУ – ИНСТИТУТ Скопје и Општина Центар – Скопје, за учесниците на едукативното предавање – стручни работници и соработници, воспитувачи и негователки од проектот:  “Ментална хигиена за деца во предучилишна возраст“, кое се реализира на ден 15.10.2021г.

Целта на проектот беше креирање на интерактивна програма – за подобрување на социо-емоционален развој на децата во предучилишна возраст и зајакнување на нивните капацитети преку подобрување на нивното ментално здравје.