Во пресрет на Светскиот ден на борба против гладта – 16.10, во нашата установа во период од 06 – 15.10, организиравме акција за донирање на пакувана и конзервирана храна. Донацијата беше наменета за бездомните лица, кои ја подигаат храната во пунктовите на Црвениот Крст. Акцијата беше успешно реализирана во сите четири објекти – хуманоста се практикуваше на дело…… Чувството дека помагаш и даваш поддршка и си близу до оние на кои им е потребна помош, сите не прави поголеми личности..