Светскиот ден на храната 16ти октомври е ден на акција посветен на справување со гладта. Целта е да се подигне свеста на луѓето за проблемот со гладта, како и за достигнувањата на милиони луѓе кои веќе го надминале проблемот со неа и ги задоволуваат основните потреби. Фокусот на денот е дека храната е основно човеково право. Таа не треба да е избор помеѓу храна или други потреби (сметки, облека, школарина), туку избор помеѓу видови јадења.
Со децата од 5-6 години најпрво ја разработивме темата од стихотворбата „За сите деца” од Васил Куноски, а потоа успеавме да ја меморираме и рецитираме.
Исто така дојдовме до заклучок дека треба да им се помага на оние кои немаат здрава и чиста храна за јадење – а тоа го постигнавме со спроведување на акција за донација на пакувана и конзервирана храна, на лицата на кои им е најпотребна.
Потоа реализиравме активности за препознавање, именување и опишување на овошјето, кое децата во соработка со родителите го донесоа за денешната активност. Откако убаво го измивме со вода, преминавме на обработка и конзумирање на истото. Од него правевме смуди и овошна салата, во кои децата уживаа и се сладеа. Децата пак од помалите групи изработија колективни постери на тема: Кошници со храна за гладните другарчиња.