Куклена претстава “Шумски пријатели” – објект Бели Мугри

По повод Светскиот ден за заштита на животните 4-ти октомври,  во нашата градинка се реализираше куклената претстава ,,Шумски пријатели“, предводена од тимот на воспитувачи од објект Бели Мугри. Темата и содржината на истата – каде акцентот беше ставен на меѓусебното помагање  и пријателството како движечка сила, не ги остави ниту за миг децата рамнодушни.
Поттикнати од претставата која ја проследија со огромна возбуда и внимание, децата покажаа интерес и аспирација и тие самите да драматизираат и да играат улоги, а воедно и да ги претстават преку цртеж животните кои им оставија најсилен впечаток.

Tags