Речиси и да нема дете кое не сака животни. Веднаш штом ќе видат некое животинче, се насмевнуваат и посакуваат да го допрат, да си поиграат со него или во најмала рака да го задеваат. Љубовта помеѓу децата и животните е толку очигледна, што секој барем за момент би посакал да биде на нивно место.
4ти октомври го посветивме на одбележување на Светскиот ден за заштита на животните. Децата од групите Пеперутки и Ѕвездички од Матичниот објект го одбележаа овој ден, преку разговор и изработка на постер со животни, додека пак децата од група Сончогледи, правеа вежби за истегнување на телото во поза на животни.