Светскиот ден за заштита на животните се одбележува секоја година на 04 октомври, а започнало во далечната 1931 год. во Фиренца. Денес тоа е ден кога првенствено се настојува да се укаже на проблемот со животните кои немаат услови за живот. Дечињата од објект Н. Н. Борче од големите групи (5-6 год) заедно со своите учителки, овој ден го посветија на разговор на оваа тема, а подоцна своите идеи за тоа како да им помогнат на животните што се загрозени ги пренесоа преку цртеж и манипулативни игри. На тој начин децата ја разбраа основната цел – секогаш да покажат хуманост и грижа кон оние животни, на кои им е потребна.