Светскиот ден за заштита на животните е можност за секој од нас да направи нешто добро за нив од својата околина – да им даде дом, да ги нахрани, да им помогне нивниот живот да биде поубав, бидејќи и тие се дел од нашата планета, која без нив би била незамислива…Па затоа Денот на животните, со децата од воспитната група од 5-6 години, група “Ластовички”, од Матичниот објект, го одбележавме со посета на Зоолошката градина – едукативна прошетка која им пружи големо задоволство на децата.