Да се грижиме за животните – објект Панорама

Животните – домашните миленичиња се составен дел од семејството. Грижата за нив е иста како грижата за член од семејството. Децата од в.о група “Сонциња”, 4-5 – објект Панорама, денеска го одбележаа  Денот на заштита на животните.. Користејќи ја техниката на печатење со прсти, децата насликаа прекрасно куче, едно од најомилените домашни миленичиња.. Исто така научивме и дека треба да се грижиме за нив, бидејќи љубовта и емпатијата се учи од најмала возраст.

Tags