Децата од 2 – 6 год. во сите објекти, имаа можност да ја проследат – музичко драмската претстава “Писмото од кралот”, изведена од групата “Триангл пулс”. Истата се реализираше во дворовите на објектите и кај децата предизвика весело и ведро расположение. Динамично, разиграно со многу музика.. Воодушевувањето и радоста не изостанаа…Динамиката на случувањата и интерактивниот карактер, го задржаа детското внимание и интерес. Децата беа пресреќни и секако посакаа уште многу вакви театарски искуства. Основна цел беше – преку интеракција со децата, кај истите да се поттикне љубов кон сценската уметност.