26ти септември – Ден на чисти планини – Матичен објект

Овој еколошки датум се одбележува повеќе од 20 години, а има за цел да укаже на значењето на планините за квалитетот на животот, да се истакнат можностите и ограничувањата за нивно зачувување. Децата од средните и големите групи од Матичниот објект, овој датум го одбележаа со разни активности – сликаа на тема – Чисти планини и беа на излет на чист воздух, под падините на Водно, во нашиот убав двор. Целта на овие активности беше, да се развие свеста кај децата за зачувување на планините и користа од чистиот воздух за нивното здравје.

Tags