Во чест на новите другарчиња кои прв пат доаѓаат во нашата градинка, денеска им подготвивме мала приредба во која учествуваа групите со деца од 3 до 6 години.
Имено, најпрво веселата атмосфера започна со пеење на нашата химна “Кочо Рацин”. Потоа следеше рецитирање на стихови на децата од 4-6 години, преку кои им посакавме среќни и безгрижни денови на новите другарчиња. Додека пак децата од 3-4 години им посаакаа добредојде со песничката “Сапунче” и “Чисто дете”.
На крај, сите заедно се забавувавме и се движевме на нотите од песничката “Кога сум среќен”.