Децата од в.о група “Сонциња”, 4-5 г. објект “Панорама”, со една прекрасна прошетка на планината Водно, го одбележаа “Денот на чисти планини”, под мотото “Бон тон на планина”.. Сонцето, чистиот воздух и убавините на планината, измамија безброј детски насмевки. Научивме како да се однесуваме на планина, истражувавме, игравме, вежбавме..На крајот, како што е бон тон редот, не оставивме ништо зад себе, ја оставивме планината чиста. Другиот дел од нашиот тим – децата од в.о групи “Буба Мари” и “Пеперутки”, 4-6г. беа исто така вредни и работеа на темата.. Сликаа, правеа макети на планина и секако, се забавуваа.. И сите заедно имаме една порака – Да ги чуваме чисти нашите планини.