На ден 22ри септември, децата од Матичниот објект на возраст од 3 до 6 години го одбележаа Светскиот ден без автомибили, под мото: ,,Велосипед возам јас, вози и ти”.
Во групите од 3 до 4 години – Денот без автомобили, се одбележа со изработка на постери. Вредните рачиња на најмалите, боеја разни превозни средства, кои не ја загадуваат животната средина, а потоа ги лепеа на хамер правејќи постер. Групите од 4 до 6 години, организираа натпревар со тротинети и велосипеди во дворот на градинката.
Овие активности се организираа со цел да се поттикне еколошката свест кај децата уште од најмала возраст. При нивна реализација кај децата се поттикна ведро расположение и преовладуваше позитивна атмосфера.