Сите на велосипед – објект Бели Мугри

Денес во холот од нашата градинка заедно со сите воспитни групи го одбележавме 22ри септември “Светскиот ден без автомобили”. Разговаравме за значењето и важноста на чистиот воздух што го дишеме секојдневно и начинот на кој што можеме да ги поттикнеме возрасните да не го загадуваат воздухот, односно да ги поттикнеме да пешачат, да возат велосипеди, тротинети – наместо автомобили. Децата даваа сугестии, предлози и идеи како луѓето треба да се грижат за природата и да не го загадуваат воздухот.

 

Tags