По повод 22 Септември “Европски ден без автомобили” со децата од 4-6 год од објектот Н. Н. Борче, организиравме натпревар во возење тротинети и велосипеди на блиската улица под мотото “Сите на велосипед – за почист свет”. Основната цел ни беше да ги поттикнеме децата почесто да ги практикуваат овие превозни средства, а со тоа да се подигне и еколошката свест кај возрасните.