Објект “Панорама” повторно во акција.. Под мотото “Сакам воздух чист”, денеска, 22.09, го одбележавме Денот без автомобили.. Децата својата креативност ја изразија преку изработки на велосипеди од природен и вештачки материјал, изработка на еко флаерчиња и натпреварувачки игри со превозни сретства во дворот “Кој прв до целта”. Насмеаните детски лица сведочат за прекрасниот ден, поминат низ игра и смеа.