Децата од градинката Кочо Рацин – објект Н.Н.Борче, зедоа учество во манифестацијата “Движи се за здравје” што традиционално ја организира Детски културен центар “Карпош” со поддршка на Град Скопје. Учествуваа во организирани полигонски игри, низ кои ги водеа инструктори и наставници по физичко образование. Покрај одличната забава, децата ја разбраа основната порака на оваа манифестација – За да бидат здрави, треба редовно да вежбаат и спортуваат.