Стоматолози во посета на објект Бели Мугри

Децата од групата од 5 – 6 години од објект Бели Мугри беа посетени од стоматолози од поликлиниката Идадија. Темата на ова предавање беше “Правилна исхрана и контрола на внес на шеќери, градба и функција на оралната празнина, орална хигиена, редовна посета на стоматолог и употреба на флуор”.

Имено, се запознавме со латинските имиња на некои групи заби; со бројот на заби во нашата уста додека се млечни (20) но и кога ќе бидат трајни (32); научивме и за  правилно четкање на забите и за храната која треба односно не треба да ја јадат децата за да имаат здрави заби.

По завршувањето на предавањето децата имаа  поттик за почеста посета на стоматолог, но и беа охрабрени да го надминат стравот од истиот.

Tags