Со децата од 5 до 6 години, беа реализирани неколку активности. Имено, преку текст и слики се запознавме со значењето на озонска обвивка, како таа не штити и од што, но и со фактот дека човекот е виновен за истенчувањето на обвивката и создавањето на неколку “дупки” на истата. Потоа, на хамер на кој е насликана Земјата, со децата сечевме и лепевме сликичките со загадувачите на нашата планета.
Го гледавме цртаниот филм “Ози Озон” , во кој на сликовит и детски начин е објаснета и доловена озонската обвивка и нејзиното значење за живиот свет.