Среќен 30 годишен јубилеј татковино наша – објект Бели Мугри

Денес во објект Бели Мугри се одбележа јубилејниот 30ти роденден на нашата татковина. Имено, децата од  3 до 6 години земаа учество во денешната мини приредба, која се одржа во дворот на градинката. На оваа манифестација  и претходеше активност во занималната  – боење на нашето  знаме во црвено-жолта боја, како и конструирање на куќичка од коцки  со која нашето другарче ја поистовети нашата татковина.

По тој повод децата од 5-6години се претставија со стихотворба “8ми Септември”; децата од 4-5години со стихотворба “Татковино моја”, а најмалите земаа учество со ритмичка игра на музиката од песничката “Роденденска песна”.

Мини прославата заврши со пуштање на 30те шарени балони во воздух.

Tags