Љубовта кон татковината се негува уште од мали нозе, особено преку прослави на значајни државни празници. Најголемиот наш празник, Денот на независноста на нашата татковина 8-ми септември, децата од групите Сончогледи и Ластовички (5-6 години) од Матичниот објект, го прославија со активности низ кои ја манифестираа својата љубов и почит кон нашата Македонија.