На 8ми јуни го одбележуваме Светскиот ден на океаните, бидејќи тие имаат многу важна улога за да може нашата планета да функционира како што треба. Целта ни е да ја подигнеме свеста на глобално ниво, да ги заштитиме океаните од сите видови опасности создадени од човекот, како што е пластичниот отпад, загадувањето и климатските промени. За таа цел, децата го проследија анимираниот филм: “Авантурите на Немо”, изработија постер на тема “Живиот свет во морињата и океаните” и ја прочитавме сликовницата:”Под океанот”.