Светскиот ден на океаните е глобален ден за прослава на океаните. Здравите океани се од клучно значење за нашиот опстанок. Секоја година, Светскиот ден на океаните нуди единствена можност за почит, помош, заштита и зачувување на светските океани.
Токму затоа, децата од Матичниот објект го одбележаа Светскиот ден на океаните, под мото: “Наши океани, наша иднина”, преку едукативни и ликовни активности. Тие испратија порака: “Стоп за загадување на океаните, тие се темелите на живот за растителниот и животинскиот свет”.