Да ја заштитиме животната средина – објект Бели Мугри

Во објект Бели Мугри, го одбележивме 5 – ти јуни, Светскиот ден за заштита на животната средина. Со организирање и спроведување на повеќе активности во групите од 2 – 6 години под мото: “Да ги поврземе луѓето со природата”, најмладите испратија порака до сите возрасни и своите родители за значењето на еколошката свест и еколошката едукација, со што ќе ја поддржиме заштитата и ќе ја подобриме состојбата со животната средина.

Tags