28 мај – Светски ден на пеперутките / Во светот на шарените пеперутки – Матичен објект

Кога зборуваме за инсектите, први на ум ни доаѓаат пеперутките. Со нивниот карактеристичен изглед, со своите впечатливи живописни бои и слободен лет, тие ги воодушевуваат децата и кај нив будат возбудливи доживувања. Децата од Матичниот објект го одбележаа денот на пеперутките под мото: ,,Во светот на шарените пеперутки”. Низ активностите децата другаруваа со инсектите и од сите нив  посебно внимание им привлече – убавината на пеперутките. Затоа денешниот ден беше исполнет со ведро расположение, радост, насмевки и прекрасни ликовни творби со пеперутки, изработени од вештите детски раце.

Tags