Да спортуваме, да се натпреваруваме – Матичен објект

Спортот, без разлика дали е индивидуален или тимски, претставува одлична активност за децата и дава добри резултати. Преку спортот најмладите ја градат сопствената самодоверба, самопочита, мотивирани се да остваруваат добри резултати на секој план, ги контролираат емоциите, градат социјални вештини и прекрасно пријателство.

Бидејќи практиката потврди дека нема подобро чувство од чувството да се биде дел од спортскиот тим, ние во градинката Кочо Рацин, водени од мотото: “Во здраво тело – здрав дух”, научивме како низ секојдневните спортски игри да изградиме тимски дух кај најмладите.

Убавото топло време го искористивме за спортски игри во дворот. Беа организирани спортски активности со децата од 2-6 години. Децата учествуваа во разни спортски и натпреварувачки игри од областа на спортот, како што се: игри со топка, влечење јаже, прескокнување на препреки, игри со обрачи и вежби за јакнење на телото. Денешниот ден помина во весело расположение, кое може да се забележи од приложените фотографии.

Tags