Уметноста е човечка активност, производ на таа активност или идеа за истата и е поврзана со сетилата, со емоциите и со интелектот. Човекот ги изразува своите мисли, чувства преку уметноста, поточно преку цртањето, музиката, танцувањето и другите видови уметничко изразување. Уметноста кај децата придонесува за будење и поддржување на внатрешната пријатност и контрола, кои како вредности се многу значајни во понатамошниот живот. Во сите возрасни групи од 2-6 годишна возраст, преку ликовни, музички и драмски активности, до израз дојде детската креативност и фантазија.