Во пресрет на ВЕЛИГДЕН – Матичен објект

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, децата од група ,,Пеперутки”, низ повеќе активности се запознаа со карактеристиките на празникот и како се празнува. Декорираа корпи за јајца од хартиени чинии, а на Велики четврток бојадисуваа јајца и ги украсуваа. Во текот на секојдневните активности, во групата владееше позитивна атмосфера, а кај децата се поттикна ведро и весело расположение.

Среќни Велигденски празници – Ви посакуваат децата од група ,,Пеперутки”.

Tags