23 ти април, Светски ден на книгата – “Со љубов книга подари, другарчето од училиште ќе ти се заблагодари”

По овој повод, во нашата градинка се реализираше акција – донација на книги за ОУ -,,Кочо Рацин’’, под мото:,,Со љубов книга подари, другарчето од училиште ќе ти се заблагодари”. Целта на акцијата беше успешно реализирана, се збогати библиотечниот фонд на училиштето, а истата придонесе децата да ја почувствуваат убавината и благодетот на споделувањето. Книгите секогаш ќе останат во мода, а оние кои го следат тој тренд знаат дека секоја книга има посебна приказна која треба да се прочита. Таа ја има моќта да ни ги прошири видиците и да не поттикне да внесеме промена во начинот на кој гледаме на животот и опкружувањето. Во чест на раскошот и убавината на книгата и хуманоста која ја покажавме на дело, ќе ве поздравиме со неколку цитати кои не не оставија рамнодушни:
,,Не можеш да купиш среќа со пари, но можеш да купиш книга, а тоа е приближно исто’’.
,,Дом без книга е како тело без душа’’ – Марко Тулиј Кикерон
,,Читањето добри книги е како разговор со најголемите луѓе од минатите векови’’. – Рене Декарт
Уживајте и Вие во читањето и подарувањето на книги. Секое добро!