Денот на Планетата Земја 22.04, беше одбележан во групите од 2-6 годишна возраст со неколку активности…
Имено, покрај разговорите со децата за начините на заштита на нашата планета, на децата им се остави простор сами да даваат свои идеи и предлози за заштита и зачувување на нашата единствена планета. Потоа во склоп со темата, во дворот реализиравме еко акција – чистење на зеленилото од пластика, стакло и хартија.
Назад во занималните повторно бевме вредни на оваа тема со изработки.
Имено, беа реализирани активности по возрасни групи и тоа со:
–работни листови со лавиринт, во кој децата го ‘’наоѓаа патот на отпадот’’ до соодветната корпа за отпадоци;
–цртежи на тема ‘’Убаво и не убаво однесување во природа’’;
–колективна изработка – децата боеја во рамките на контурните линии на цртежот од Планетата Земја;
–надуван балон со помош на сликање со темперни бои, стана нашата Планета Земја;
Исто така со децата го проследивме и едукативниот цртан филм ‘’Ози Озон’’. Децата на сликовит и интересен детски начин се запознаа со името и значењето на озонот и озонската дупка. Сите овие активности беа реализирани и преку слушање музика на истата тема: “Немаме резервна планета” и “Ѓубрето во канта”.