Денес имаме двојна причина да бидеме среќни. Го прославуваме 56-от роденден на нашата градинка и роденденот на нашата Планета Земја. Љубовта на децата кон двете денешни славенички е голема, па затоа ни беше потребно и големо поле на изразување. Децата од Матичниот објект (5-6 год) употребија најразлични техники за да ја претстават својата планета. Ги изразија своите чувстав кон неа и ги споделија како пораки со родителите.