22 април е посебен ден – на нашата планета, роденден – објект Панорама

Денес е посебен ден,
на нашата планета – РОДЕНДЕН .
нашите вредни рачиња и умни глави,
на сите пораки им праќаат,
како да ја чуваат и што треба да се прави!

22 април се одбележува како Ден на планетата Земја. Да се грижиме за околината значи – сметот да го фрламе на одредено место, помалку возење на автомобили, по можност – велосипеди, да употребуваме еколошки, а не отровни средства за домаќинство, да засадуваме нови садници и многу други активности, што се неопходни да се придонесе за почиста околина и поздрава средина.

Дечињата од 5-6 год. овој ден го одбележаа со садење цвеќиња во дворот на градинката. Испратија еколошки пораки до сите дечиња и роденденски желби за нашата градинка, кои ги искажаа преку  цртежи.  Роденденската забава продолжи во дворот на објектот, со песни и игри.

Tags