Секогаш се трудиме содржините кои сакаме да им ги презентираме на децата да бидат на интересен и забавен начин, а целите да се постигнат. Така беше и овој пат. Во рамките на неделната тема: “Градината во пролет”, децата од групите “Зајачиња” и “Бубамари” (2-3 год.) преку повеќе активности се запознаа со зеленчукот во пролет, неговите карактеристики и важноста на истиот за нашето здравје. Децата активно учествуваа во подготовката и конзумирањето на пролетна зеленчукова салата, а на интересен начин со кукли на стапче, им го презентиравме текстот “Пролетна салата од зеленчук”. Децата играјќи со куклите, стекнуваа знаења за зеленчукот, а исто така вежбаа правилно изразување со граматички формулирани реченици, употреба на дијалог во говорот, развивање на мислењето и вниманието.