Светскиот ден на здравјето – 7ми aприл во објектот Бели Мугри, го одбележавме со реализација на повеќе игри и активности во сите воспитни групи од 2 – 6 години. Целта ни беше уште од најрана возраст да ја поттикнеме свеста кај децата за важноста на здравјето, физичката активност, здравата исхрана и практикувањето на здрави животни навики во секојдневниот живот. Со реализираните активности, сакавме да дадеме придонес во промовирањето на здравиот начин на живот.
Светскиот ден на здравјето е одлична можност да им се заблагодариме на сите лекари, медицински сестри и останатиот здравствен персонал, кои несебично и пожртвувано, секојдневно се во првите борбени линии во битката против корона вирусот.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ……