Со пораки, вежби и спортски игри, одбележан Денот на здравјето во објект Панорама

Низ повеќе активности со децата од воспитната група од 5-6 год. од објект Панорама, го одбележавме Светскиот ден на здравјето. Децата се потсетија на важноста на хигиената, здравата храна и физичките активности за здравјето на луѓето. Се разговараше на тема – што е здравје, што значи да се биде здрав, како да го чуваме нашето здравје, кој ни помага кога сме болни, зошто физичката активност е важна за нашето тело. За таа цел децата испратија пораки за здравје – кои ќе ги предадат на своите блиски, играа спортски игри и вежбаа физички вежби за правилен раст и развој, а на крај се засладија со јаболчиња. Научивме….

  • Избери живот, храни се здраво, телото и умот ќе ти кажат дека си во право!
  • Овошје и зеленчук јади, а што помалку чоколади!
  • Чистотата е половина здравје!
  • Во здраво тело – здрав дух!
Tags