Во рамките на неделната тема, децата од група “Пеперутки” (3-4 год.) преку низа активности се запознаа со важноста на зеленчукот за нашето здравје. Со помош на свеж пролетен зеленчук, децата имаа можност одблиску да се запознаат со неговите карактеристики (изглед, каде расте, боја, мирис и вкус). Секое дете имаше можност да го именува и опише зеленчукот.
Потоа, зеленчукот убаво го измивме, дел од него вкусивме веднаш, а со дел направивме вкусна пролетна салата, во која децата максимално уживаа, внесувајќи многу витамини.