Уште еден повод за смеа и забава… Денот на шегата, воспитните групи Сонциња (2 – 3г.) и Ѕвездички (3 – 4г.) го одбележија со ревија на смешни костими, многу песни и забава. Нека секој ден ни биде убав како овој…
Во одбележување на овој ден се приклучија и другарчињата кои што се дома и ни испратија фотографии од нивните маски. Ни испратија и фотографии од облеки, креирани од рециклирани материјали.