Шегата ни ја носи смеата – објект Бели Мугри

Денес дворот на објектот Бели Мугри беше посебно убав, шарен и разигран. Причина за тоа е Маскенбалот кој го приредивме по повод Први април – Денот на шегата. Денеска секој може за момент да биде некој друг. Никој нема да ви се налути доколку го излажете или некој ве излаже вас, ден кога освен правењето разни шеги, дозволено е и маскирање и имитирање. Децата беа маскирани во принцези, самовили,  нинџа желки, спајдермени, супермени, бетмени, пирати, пчелки, бубамари и пеперутки. Пролетното сончево време, дополнително придонесе за добра забава и дружење во овој топол и шеговит ден.

Tags