Воспитниот тим од Матичниот објект, месец март го посвети на модата. За таа цел во сите воспитни групи се организираше модна ревија, со модели изработени од материјали за рециклирање. Моделите кои ги изработија дома со своите родители, ја покажаа нивната креативност – како од една обична весникарска хартија, пластични шишиња, кеси, картони… може да се изработат прекрасни креации.
Модната ревија кај децата поттикна весело расположение. На лицата кај секое дете можеше да се забележи искрена насмевка и среќа, која ја надополни убавината на ревијата. Како сето тоа изгледаше, можете да погледнете низ фотографиите. Среќни деца – задоволни вработени.