Учиме низ игра за слоевите на почвата – Матичен објект, ДЕТЕЛИНКИ

Природата може да биде и слатка, а почвата чоколадна.  И кога се’ ова ќе се измеша со игра се добива преубава торта од знаења.
Вака се забавуваа и учеа низ игра децата од групата Детелинки (5-6 год) од Матичниот објект. Тие ги направија слиевите на почвата (карпестиот, каменестиот и обработливиот) од медењаци, чоко-флипс, мелени колечиња.  Чоколадниот пудинг им заличи на глинеста почва, па така и тој се најде помеѓу слоевите. На крајот во хумусниот дел се населија и црвчињата и тревичката, затоа што почвата е нивна животна средина.
Tags