Куклениот театар е омилена забава помеѓу децата. Инвентивните приказни никогаш не им досадуваат, а воедно и преку активно читање на сликовниците позитивно делуваме на нивниот когнитивен и социоемоционален развој.
Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на театрите, децата од воспитната група од 5-6 год. од објект Панорама, реализираа детска куклена претстава од омилената приказна ,,Трите прасиња“. Децата ги поделија улогите и светот на фантазијатга започна пеејќи ја песната:
Волкот лош,
волкот лош,
три за грош,
три за грош,
траа лалала….
Ова е приказна за трите прасиња, кои што се претставени како работливко, мрзливко ….