27.03 е Светскиот ден на театарот.
Согласно ново настанатата ситуација од која чувствуваме хендикеп поради неможноста да посетиме театар, нашата желба и љубов кон културата, ја разбуди нашата креативност и потреба за запознавање со истата. Токму затоа – ние со децата, сосема спонтано, невино, наивно, низ игра и смеа, создадовме бура од емоции, вложувајќи го секој атом од сопственото битие – креиравме Наш импровизиран театар. За таа цел децата драматизираа, глумеа, презентираа, а најважно од се, се запознаа со драмската уметност. Низ драмската изведба на претставата – ,,Дојде пролет’’, ја презентиравме пролетта во сиот нејзин сјај. А таа пак не поттикна да создадеме сопствена креација на радост и среќа, ставајќи го фокусот на традицијата низ детските очи и во улога на актери – аматери, го создадовме нашето првенче -драмското дело -,,Македонска свадба”.
Добро дојдовте во нашата, слободна театарска зона. Нека ни е среќен Денот на театарот!