Малите градинари во пресрет на пролетта – Матичен објект

Доаѓањето на пролетта и промените што таа ги носи со себе, групата  Сонциња од 2 – 3г. го одбележа со садење на цвеќиња. Временските услови не не запреа во намерата да ја поздравиме пролетта, па садењето беше внатре, во нашата занимална. Иако мали, нашите “сончеви’ градинари беа многу вредни и го разубавија просторот. Меѓу другото, научивме дека за да пораснат, на цвеќињата им треба вода, сонце, храна од земјата и мноооогу ЉУБОВ. Ја искористивме можноста, со полевање на цвеќињата и разговор за важноста на водите, да го одбележиме и Денот на водите. Целата активност ја заокруживме со печатење на цветови, користејчи темперни бои, сунѓерчиња и листови во боја.

Tags