Шумите се од огромно значење за човекот, бидејќи имаат незаменлива улога и претставуваат извор на најразновидни ресурси. Тие имаат големо значење за здравјето на населението, бидејќи го прочистуваат загадениот воздух и ги спречуваат ерозиите и поплавите.
Токму затоа, Светскиот ден на заштита на шумите – 21 март го одбележавме и се потсетивме на нивната важност, преку повеќе активности со децата од воспитната група од 5-6 год. од објект Панорама. Децата изработија дрво со различни ликовни техники со стандарден и нестандарден ликовен материјал, изработија украси од дрвени трупци (децата претходно се стекнаа со знаење за староста на едно дрво, преку обележаните линии во внатрешноста на дрвото) – изработки од колаж техника, слушаа песни за шумата и др.
Тие испратија и еко пораки до сите дечиња: Дрвото и секој зелен лист, ни дава воздух чист! Засади дрво, засади цвет, за поубав свет!
Исто така го одбележавме и Светскиот ден на водите – 22 март и се потсетивме за важноста на водата, со цел да се поттикне свеста за зачувување и штедење на овој животен извор. За таа цел децата изработија еколошки пораки: – Водата се штеди, затоа што многу вреди! – Капка вода, капка живот! Водата е наше богатство, но и наша одговорнот и затоа треба да ја чуваме!
Светскиот ден за заштита на водите, децата од воспитната група од 4-5 год. го одбележа преку разговор, обработка на расказ ,,Поточе“, испратија еко пораки преку цртежи – флаери, играа музичко – подвижна игра ,,Чувајте ја водата“, се со една цел – да се запознаат со важноста на водата и нејзиното штедење, бидејќи без вода, нема живот.