Експериментираме, истражуваме… – објект Н.Н.Борче

Оваа недела децата од средните и големите групи од објектот Н.Н.Борче, преку откривачки игри, се запознаа со воздухот и неговите карактеристики. Го изведувавме познатиот експеримент со свеќа и тегла, правевме меури дувајќи во цевка, потоа сликавме со помош на воздух, правевме ладало, ја испитувавме силата на ветерот со помош на вртелешка.