Со љубов за мама – објект Бели Мугри

Меѓународниот ден на жената 8 – ми Март, во објектот Бели Мугри, го одбележавме со повеќе активности. Под мотото: “Со љубов за мама”, децата од срце им го честитаа празникот на своите мајки, баби, тетки, вујни, стрини. За таа цел децата изработија честички со своите вредни рачиња, рецитираа стихови и пееја песнички за мама, а Активот на воспитувачи ја подготви и реализира куклената претстава “Најубавиот подарок” од Ристо Давчевски. Реализираните активности имаа за цел: поттикнување љубов, почит и позитивни емоции кон мајката, жената воопшто, бидејќи да не беше жената не би постоел ни овој свет.

Tags