Срце во срцето на мама – Матичен објект

За децата најважна жена е нивната мајка. Кога ќе се спомне 8ми март, нив веднаш ги асоцира на празникот на мама.  За таа цел, децата од групата “Пеперутки” од Матичниот објект, на возраст од 3 – 4години, изработија подарок за мама. Од глинамол и со помош на нивните мали прстиња, направија прекрасни привезоци за ланче. Привезокот е во вид на срце и во внатрешниот дел со прстињата е отпечатено уште едно срце – Срце во срцето на мама. Сето тоа спакувано во рачно изработена кутија и со стихови, дечињата ќе им го честитаат празникот на нивните мајки.

Tags