Во рамките на темата „На пат до вселената“ децата од групата Детелинки, (5-6 год), од Матичниот објект реализираа многу игри. За повеќето од нив идеите произлегуваа од самите деца, со што манифестираа дека активно го применуваат Конструктивизмот во учењето. Игрите се редеа и се надополнуваа една на друга. Го направија нашиот сончев систем од снежни топки, конструираа вселенски брод во занималната кој секојдневно го користеа за замислени патувања низ галаксијата. Моделираа планети од кои, на сопствена иницијатива, направија сензорна тегла за смирување. Низ куклена претстава осознаа за Месечината како природен сателит на Земјата и зошто таа го менува свјот облик. На своето замислено патување во вселената, низ вежби за истегнување на телото, ја доживеаја планетата Земја од височините и тоа доживување го преноса преку сликање со акварелни бои.




Децата од групата Сончогледи (4 – 5г.) ја обработија истата тема: На пат до вселената. Инспирирани од обработка на темата, од новите стекнати знаења за вселената, за сончевиот систем и планетите – своите импресии ги пренесоа на цртеж.